Најнови содржини
Испирирани од светската игра Wordle и нејзиниот македонски клон Зборле, создадовме наша математичка верзија на играта наречена Бројле. Бројле наместо букви користи цифри (од 0 до 9) и има повеќе поставувања: може да изберете да погодувате 3, 4 или 5-цифрен број и за секој ваков избор, може да изберете да дозволите или не повторување на цифрите во бројот. Секој ден за секое поставување е достапно ново БРОЈЛЕ! повеќе...
КенКен (КенДоку) е логичка игра која ја создал јапонскиот професор по математика, Tetsuya Miyamoto во 2003 година. Неговата цел била да им зададе игра на учениците која ќе го активира и развива нивниот мозок преку самостојно вежбање. На јапонски јазик, играта се нарекува Kashikoku-Naru-Puzzle, што значи „сложувалка која те прави попаметен“. повеќе...
Приказна за истражувањата на Маја и Тео - три трикови со карти, со кои сигурно ќе се забавувате и ќе ја истражите математичката позадина на триковите. повеќе...
Многу одамна си живеело едно племе за кое нилскиот коњ било свето животно. Поглаварот на племето си чувал за милениче нилски коњ кој си го носел секаде со себе и си го хранел. Еднаш годишно, поглаварот го качувал на брод нилскиот коњ и се упатувал кон горниот дел од течението на реката каде се собирале сите жители на племето и каде тој го собирал од нив годишниот данок во злато. За таа цел племето имало една огромна балансирана вага, на која, на едниот тас, поглаварот го ставал нилскиот коњ, а на другиот тас, членовите на племето го ставале златото сѐ додека вагата не била доведена до рамнотежа. Една година, нилскиот коњ пораснал толку многу што кога го ставиле на тасот од вагата, вагата се скршила. Тогаш, поглаварот се налутил и разлутено му се изнавикал на својот Министер за данок: „Го сакам мојот данок во злато додека да зајде сонцето! Ако не го добијам, ќе ти ја отсечам главата!“ Министерот мислел, мислел и до крајот на денот нашол решение. Може ли да кажете кое било решението на Министерот? повеќе...
Сите знаеме како да превиткаме лист хартија на половина. Но, дали знаете како може да превиткате третинка или петтинка или седминка од еден лист хартија? Постапката е многу едноставна, а воедно претставува и интересна примена на Питагоровата теорема и сличноста на триаголници. повеќе...
На сликата се прикажани три позиции на една иста коцка која има квадрати во боја на секоја од нејзините страни. Која боја е спротивно од сината боја? повеќе...
Сегашните години на Андреа се разлика од трикратните нејзини години после три години и трикратните нејзини години пред три години. Колку години има Андреа? повеќе...
Маите се американски староседелски народ најмногу познат по своите монументални градби за време на класичниот период на Маите (250-900 година). Се смета дека Маите користеле многу геометриски пресметки при градењето на градбите. Познати се и по техниката на формирање прав агол т.е. агол од 90º. повеќе...
Нема ништо поубаво кога под рака ќе ви дојде некоја многу стара, умна и забавна книга. Во овој случај тоа беше книгата на Игнатьев, В царстве смекалки (1978). Успеавме со неа квалитетно да пополниме неколку денови кога бевме принудени да седиме по дома. За почеток, ви издвоивме неколку загатки со чкорчиња. Нашиот придонес е цртањето на чкорчињата. повеќе...
Која е вредноста на x (види слика)? Внимателно! повеќе...
Производот на првите три броја, производот на последните три броја и производот на трите броја во средина е 120 (види слика). Кој број треба да биде напишан на средната коцка? повеќе...
|
Информации
БИНАРЕН ЧАСОВНИК
Го покажува моменталното време или да се намести време со Menu.
Секој ден за секое поставување е достапно ново БРОЈЛЕ!
САКАМ ПРИКАЗНА™ е страница со приказни за деца со кои тие ќе имаат можност да откриваат нови светови, да осознаваат нови вистини. Меѓу другото, ќе може да увидат дека математиката е дел од светот околу нас и дека не треба да е чудно ако сакаме да другаруваме со неа во секое време, на секое место. На крајот од секоја приказна има математички задачи за различни возрасти. повеќе...
Facebook страница
Што има на Математика + ?
Рубрики
Блог категории
Препорачуваме
Математиката не е спорт за набљудување. Не е само знаење, не е само симболи на хартија. Таа e нешто со што може да си играш, нешто што може да го правиш. - Кит Девлин Addition and Multiplication Squares
August 19, 2018 Do you remember this old game that we used to play as kids: We needed only a squared paper and different color pens or pencils for each player. Then, each player, on his turn, draws one side of a square. The player who draws the last side of a square, colors that square in his color and draws another line. When all squares are colored, the player with the most colored squares is the winner. Using the same strategy, adding some numbers, uncertainty and math, the Squares Game can become more interesting, playful, and educational at the same time. Read more...
|
|
Математика + се залага за популаризација на математиката меѓу младите и пошироката јавност во Македонија! Посетете ја Базата на македонски интернет страници за математика, иницијатива на ПОИМ - Порталот на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
|
Содржините на Математика + се лиценцирани со
Creative Commons Attribution-ShareAlike 4.0 International License.
Copyright © 2015 Математика +
|